Стручен собир во Скопје - Македонија

По многу години, HERZ Armaturen одржа презентација за проектанти во Скопје на 4-ти април 2014 година.

Нашите колеги од Македонија долго време го очекуваа овој собир организиран од HERZ Armaturen. Со задоволство можеме да истакнеме дека интересот беше голем, а на презентацијата присуствуваа повеќе од 50 луѓе од КГЛ струката.

 

Herz - prezentacija Herz - prezentacija

Презентацијата се одржа во Конгресниот центар на Скопски саем. Почесен гостин беше компанијата PWE Pricon water & energy, чии претставници на македонските експерти им одржаа презентации за подготовката на вода во котли и разладни постројки.

По презентацијата, дружењето продолжи со богата шведска маса и пијалак до вечерните часови

HERZ Armaturen d.o.o.
Април, 2014 година