Решавање проблеми поврзани со зголемување на притисокот во инсталации за вода за пиење

Европскиот стандард за заштита од повратен ток EN 1717:2007 од внатрешната водоводна инсталација во главната водоснабдителна инсталација ја дефинира употребата на арматура за заштита од повратен ток на местото на спојување на двете инсталации, а во функција на спречување на потенцијалното загадување на водата во главната водоснабдителна инсталација.

Пренесено на реална состојба во едноставна домашна инсталација, ова значи дека според овој стандард зад секој водомер мора да постои арматура за спречување на повратен ток. Во зависност од локалните државни прописи, барањата за моделот на таа арматура се различни.

Во некои земји е доволно да се инсталира обичен неповратен вентил, додека во други земји, како на пример Велика Британија, барањата се построги така што техничкиот минимум бара двоен неповратен вентил, додека за посложени инсталации дури и систем сепаратори. Исто така, сите локални уреди во внатрешната инсталација, кои можат да предизвикаат загадување на водата, а кај кои постои и ризик од повратен ток како резултат на локално зголемување на притисокот, мора да имаат неповратен вентил на спојот со главната инсталација.

Ventili STROMAX 151_sistemi-pitke-vode-02.jpg

HERZ Art 4126, стоп вентил со интегриран неповратен вентил

HERZ Art 4126, стоп вентил со интегриран неповратен вентил

 

Со оглед на барањата на стандардот EN 1717, кои мора да се почитуваат во земјите од ЕУ и кои се во функција на заштита на квалитетот на санитарната вода, можат да се јават некои други технички проблеми кои бараат решенија на секоја внатрешна инсталација. Ќе го спомнеме проблемот на решавање на ситуацијата со прекумерно зголемување на притисокот во внатрешната инсталација и неможноста да се компензира ова зголемување со експанзија на водата во мрежата поради постоењето уреди за спречување повратен ток.
Имено, во поголемиот број внатрешни инсталации постои потреба од локална подготовка на санитарна топла вода, што кај домашните инсталации се решава со електрични бојлери кои работат во режим на притисок на водоводната инсталација (номинален режим 2-5 бари).

151_sistemi-pitke-vode-05.jpg

Herz Art.13001 Сигурносен вентил за бојлер

Во согласност со нормите на производителот, пред секој бојлер на ладна вода мора да се постави сигурносен вентил кој мора да пушта вода во функција на растоварување и заштита на бојлерот до максимум од 8 бари. Исто така, функцијата на овој вентил е регулација на полнењето на бојлерот - сигурносниот вентил го отвора полнењето на бојлерот со ладна вода штом разликата ќе достигне 0,1 бар, а има и функција на отворање на вентилот во насока спротивна од протокот на ладна вода штом разликата во притисоци достигне 1 бар.

Тоа практично значи дека кога бојлерот ја загрева водата, притисокот на водата расте над притисокот во водоводната инсталација за ладна вода. Кога оваа разлика достигнува 1 бар, водата од бојлерот се враќа во мрежата за ладна вода и со тоа го растоварува бојлерот, односно се ублажува понатамошното непотребно зголемување на притисокот.

Сепак, со оглед на веќе споменатата потреба од постоење арматура за заштита од повратен ток, таа можност од враќање на водата е можна само во границите на стисливост на вода, што не е доволно, па притисокот во бојлерот ќе продолжи да расте. Во нормална работа на бојлерот и при подесени температури на загревање на водата, притисокот ќе расте до под границата на пуштање на сигурносниот вентил.

Во случаи на нережимска работа на бојлерот или загревање на покачени температури, притисокот ќе порасне над 8 бари и сигурносниот вентил ќе почне да пушта вода - најчесто преку капење. Исто така, нережимските притисоци во водоводната мрежа, кои се многу чести во Србија, ја забрзуваат оваа појава на зголемување на притисокот и испуштање на сигурносниот вентил.

Бидејќи капењето вода на места каде има бојлер е непријатна ситуација, се јавува потребата да се реши овој проблем.

Практиката покажува дека многу често погрешно се толкува проблемот како дефект на сигурносниот вентил и обидот да се реши проблемот со замена на вентилот по правило не го решава проблемот.

Ефикасното решавање на овој потенцијален проблем е во изведбата на инсталацијата која уште на старт ги елиминира наведените причини за капење од сигурносниот вентил, и тоа:

  • регулирање на нережимскиот притисок во водоводната мрежа (вградување регулатор на притисок)
  • изведба на инсталацијата за да се обезбеди растоварување на бојлерот во мрежата (вградување експанзија)

Со вградување регулатор на притисок на влезот на инсталацијата (што е фабрички подесен на околу 3 бари на излезот) се отстранува првата потенцијална причина за настанување на преоптоварување со притисок и капењето на сигурносниот вентил.

Сликата подолу ја покажува препораката за влезниот дел на инсталацијата со вграден регулатор на притисок (на пример HERZ арт. RT684).

151_sistemi-pitke-vode-03.jpg

151_sistemi-pitke-vode-04.jpg

Другата потенцијална причина се елиминира со вградување експанзија во инсталацијата, меѓу сигурносниот вентил и бојлерот. Ова го неутрализира постоењето на арматура за спречување на повратниот ток во инсталацијата во смисла на повторена веројатност растоварувањето на бојлерот да се одвива во инсталацијата.

При изборот на експанзијата, треба да се има во предвид дека нејзината зафатнина треба да биде 8% од зафатнината на котелот. Притисокот за предполнење на експанзијата треба да биде 0,2 бари понизок од притисокот на влезот во бојлерот, т.е. притисокот во мрежата

Се разбира, двете наведени мерки на претпазливост не ја исклучуваат употребата на сигурносниот вентил, бидејќи тој, како што и вели неговото име, е сигурносен елемент кој треба да реагира кога ќе дојде до преоптоварување кое не може да го неутрализираат ниту регулаторот на притисок, како заштита од „надворешните фактори на покачување на притисокот“, ниту експанзијата, како заштита од „внатрешните фактори на покачување на притисокот“.


Резимирано, со правилна изведба на инсталацијата може да се направи компромис помеѓу барањата за заштита од повратниот проток, внатрешното зголемување на притисокот, и капењето на сигурносниот вентил, и доверливата работа на бојлерот во безбеден режим.