HERZ Комби вентили 4006 и 4006 SMART

Хидрауличното балансирање во КГЛ системите е секогаш актуелна тема. Компанијата HERZ се занимава со оваа тема уште од 1960-тите години. Комби вентилите се едноставни и елегантни решенија и олеснување во секојдневната работа на проектантите, бидејќи го скратуваат времето потребно за проектирање на КГЛ системи.

Автоматски баланс вентил = регулациски вентил + регулатор на дп + контролен вентил.

3 во 1! Зарем може подобро?!

Урамнотежена автоматска регулација на проток со едноставна и компактна конструкција. Можно е регулирање на многу ниски протоци.

Логично дополнување на фенкојлери и зонска регулација, за греење и ладење. Прецизна контрола на проток во сите услови на работа со минимални трошоци за вградување и употреба.

Како функционира?

  • Протокот се прилагодува според дијаграмот користејќи ги показателите на предподесувањето
  • ДП се мери преку седиштето на вентилот со помош на капилара и притисокот на дијафрагмата го придвижува клипот, со цел да се задржи константен ДП и проток низ вентилот
  • Бидејќи протокот е независен од притисокот и зголемувањето на ДП не му влијае, вентилот има авторитет од 100%

* ДП - диференцијален притисок

 

 

  • П1 - П3 е расположливиот ДП на вентилот
  • Интегрираниот ДП регулатор одржува константен и низок ДП на вентилот и на печурката на вентилот, П2 - П3
  • Протокот не зависи од други влијанија и промени во системот, на пример ДП
  • Максимално q = Kv x Δp
  • Константен ДП и позната Kv вредност овозможуваат ограничување на максималниот проток
  • Жолтото поле е поле на константен ДП и тоа се одржува независно од промените во притисокот
  • Како што актуаторот го менува протокот, отвореноста на вентилот се менува и вентилот сега има нова работна точка каде одржува константен ДП и проток

 

Избор на вентили и прилагодување

 

Вентилот се прилагодува со помош на дијаграм; единствениот податок кој е потребен е саканиот проток, испрекинатата линија е минималниот ДП потребен за работа на вентилот.

Избор на димензиите на вентилите според саканиот проток

Прво се одбира потребната димензија на вентилот според саканиот проток од горенаведениот дијаграм. Заради стабилност и доверливост на работата на вентилот се препорачува работниот опсег да биде помеѓу 25-75% од протокот.

По изборот на димензиите се пристапува кон избор за прилагодување на вентилот.

Карактеристика на вентилот со криви на протокот и потребниот пад на притисокот.

 

Добивање на степенот на предподесување:

 

  • Се наоѓа потребниот проток и се повлекува линија хоризонтално до болдираната линија во дијаграмот
  • Во пресекот на линиите се чита степенот на одредување на долната оска
  • За да се очита потребниот ДП, се црта линија од пресечната точката нагоре до испрекинатата линија и се влече на десно

 

Потребниот ДП?

 

  • Ако проектантот не му го обезбеди на вентилот минималниот пад на притисок, тој нема да може да реагира на промените во системот, т.е. нема да работи како автоматски динамичен регулациски вентили, туку како обичен рачен баланс вентил
    ДП на вентил < мин. ДП
  • ако ДП е поголем од максималниот пад на притисокот, вентилот ќе биде затворен, односно ќе нема проток
    ДП на вентил > макс. ДП = 4 бари

Неопходно е мин. ДП < ДП вентил < макс. ДП = 4 бари

 

 

За брз избор на вентили, подесувањата и димензиите може да се употреби и софтвер за избор на вентили.

 

 

 

 

Примена:

  • инсталации за греење и ладење
  • секундарна мрежа
  • основна примена со фенкојлери
  • едноцевни системи за греење
  • првенствено за системи/потрошувачи со константен проток, а со приклучок на BMS или собен термостат применлив е и за системи/потрошувачи со променлив проток

 

 

Типично поврзување на фенкојлер

  • а. Баланс вентил
  • б. Пропусен регулациски вентил
  • в. Филтер за нечистотија
  • г. Регулатор на ДП
  • д. Баланс + пропусен вентил
  • ѓ. Комби вентил

 

 

Варијанта 1

Типичната фенкојлер мрежа содржи, со секој фенкојлер, стоп, баланс и регулациска арматура, каде главно тие уреди се поврзани со собен термостат и/или BMS заради одржување на саканата собна температура. Мрежата исто така може да содржи некаков начин на одржување на падот на притисокот, или со фреквентно регулирана пумпа или вентил за одржување на диференцијалниот притисок.

 

Варијанта 2

 

 

 

Инсталација со употреба на комби вентил

 

 

Забелешка: Комби вентилите и другите автоматски баланс вентили се чувствителни на квалитетот на водата во инсталациите. Потребно е да се инсталираат филтри за нечистотија со секој вентил за да се овозможи непречена и доверлива работа.

 

Хидраулични шеми

Едноцевен систем за греење со одржување константен проток

 

Едноцевен систем за греење со одржување константен проток според температурата на водата во повратната грана

 

 

Четирицевен фенкојл систем со одржување на протокот во вертикалата

 

 

Одржување на константен проток во вертикалата во систем со компактни катни станици

 

 

Предности

 

  • 1 вентил наместо 3 = 2 спојки наместо 6
  • Брз и едноставен избор на вентили
  • Автоматска динамичка работа без оглед на промените во системот = константни услови
  • Прецизна и доверлива контрола на протокот и собните температури, дури и при делумно оптоварување
  • Секогаш константен проток
  • Растоварено вретено на вентилот = мала неопходна сила на затворање ~ 120 N
  • Минимална работа на актуаторот = подолг работен век на актуаторот = заштеда на електрична и топлинска енергија

 

Авторитет = 100%

 

  • а. Пропусен баланс вентил со актуатор, на пример тип Stromax 7217 TS-E
  • б. Регулатор на диференцијален притисок, на пример тип 4007
  • в. Пропусен регулациски вентил со мотор, на пример тип 2117
  • г. Регулатор на диференцијален притисок, на пример тип 4002 FIX
  • д. Пропусен баланс вентил со актуатор, на пример тип Stromax 7271 TS-V
  • ѓ. Баланс вентил со мерна бленда, на пример тип 4017
  • е. Комби вентил, на пример тип 4006

Авторитетот од 100% може да се постигне како што е објаснето погоре. Или, наједноставно, со употреба на комби вентил.

 

Недостатоци

 

Заради многу фината регулација на протокот и конструкцијата, вентилот е чувствителен на нечистотија Вградувањето филтер за нечистотија е инаку потребно за заштита на уредот (фенкојлер, калорифер и сл.).

 

Технички карактеристики

 

  • За системи за греење и ладење, не за вода за пиење
  • Максимален притисок = 16 бари
  • Максимална работна температура, до DN 32 = 130 °C
  • Максимална работна температура, од DN 40 = 110 °C
  • Минимална работна температура = 2 °C (вода), -20 °C (антифриз)
  • Максимален дозволен диференцијален работен притисок = 4 бари
  • Материјал: куќиште - CR месинг, мембрана - EPDM

 

Квалитет на вода според VDI 2035 или EN 12828.

 

Табеларно прикажана карактеристика на вентилот 4006

Табеларно прикажана карактеристика на вентилот 4006 SMART

Упатство за правилно пуштање во употреба, полнење и празнење, тестови на притисок и други препораки можат да се добијат од тимот за техничка поддршка.