За нас

Акционерското друштво HERZ Armaturen произлезе од компанијата Gebauer & Lehrner, основана во далечната 1896 година. Во текот на своето постоење од 125 години, компанијата се специјализираше за производство и развој на висококвалитетни арматури за греење, ладење и климатизација. На чело на компанијата, како сопственик и генерален директор, е г-дин д-р Gerhard Glinzerer. Денес, HERZ Armaturen, со околу 2.300 вработени, е единствениот австриски и еден од најзначајните производители на термостатски вентили, регулациони арматури, системи за подно греење, котли на пелети, соларни системи и топлински пумпи во Европа.

Седиштето на HERZ Armaturen од 1986 година е во новата деловна зграда во Виена - Itzendorf, A-1230, Richard-Strauss Strasse 22. Таму е лоцирано производството на арматури, централниот магацин и деловното раководство. HERZ Armaturen во својот состав има 23 фабрики и сите се во рамките на Европската унија: Австрија, Полска, Романија и Словенија.

Компанијата HERZ Armaturen има претставништва во речиси сите европски земји, на Блискиот Исток, Северна и Јужна Америка. Околу 60% од произведената арматура се извезува.

Трајниот успех на HERZ Armaturen се темели на производниот принцип да се пуштаат во промет само технички зрели и висококвалитетни производи. Долгогодишното искуство и специјализацијата во областа на греењето и регулационата техника придонесоа за развојот на бројни иновативни решенија во областа на заштеда на енергија, како и во подобрувањето на обликот и дизајнот на производите на HERZ.

HERZ термостатските вентили DE LUXE претставуваат симбиоза на висока технологија и луксузен облик и дизајн. Освен тоа, HERZ Armaturen развива концепти за воведување регулациона арматура „по мерка“ во соработка со познати европски системски производители со цел заштеда на енергија и трошоци за греење.

HERZ Armaturen поседува модерен систем за обезбедување квалитет во рамки на кој многу компании тесно соработуваат. HERZ производите постојано се подложуваат на тестирање во меѓународни и национални независни институти. HERZ термостатските вентили одговараат на европските стандарди (EN215).

HERZ Armaturen во Србија, повеќе од 20 години, врши продажба преку своите дистрибутери. Во 2003 година се отвори претставништво за Србија, Црна Гора и Македонија. Од мај 2009 година, HERZ Armaturen има деловно-магацински објект на 1.650 м² во Индустриска зона бб, Нова Пазова.

Во склоп на деловниот објект, постои магацин и центар за обука на 1200 m², каде инженери за техничка поддршка во континуитет спроведуваат обука за проектанти и монтери на термотехнички инсталации.