Ново од HERZ Armaturen: Единици за поврзување и регулација на термални единици

Standard connect - 4

HERZ STANDARD CONNECT-4 е дизајниран да обезбеди брза и едноставна инсталација на фенкојл единици или други термални единици. Се состои од 4017 HERZ баланс вентил, HERZ 2190 топчест вентил со продолжена рачка и HERZ 4111 филтер за нечистотии. STANDARD CONNECT-4 овозможува регулирање, испирање и изолирање на единицата. Проектираниот проток се постигнува со минимална точност од ±5%. Достапни се четири стандардни верзии кои се соодветни за КГЛ системи:

Tip

Veličina ventila

Kvs

Kv

HERZ br. artikla

Low Flow

½”

0.48

0,43

1 4500 11

Medium Flow

½”

0.97

0,75

1 4500 21

½”

½”

1.95

1,39

1 4500 01

¾”

¾”

3.95

2,19

1 4500 02

1”

1”

7,9

5,06

1 4500 03

Придобивки за проектантите:

  • 1. Познати димензии и карактеристики на единицата
  • 2. Скратено време за избор на вентил
  • 3. Намалена веројатност за појава на грешки при спецификација на опремата
  • 4. Познати технички карактеристики

Придобивки за изведувачите:

  • 1. Скратување на времето и трошоците на работното место
  • 2. Брза врска, потребни се само четири приклучоци
  • 3. Скратување на времето при порачка и набавка
  • 4. Намалена веројатност за неисправна работа на инсталацијата

Начин на работа:

Нормална работа

Во нормален режим на работа, бајпас вентилот е затворен, топчестиот вентил е отворен.

Бајпас врската е отворена

Во овој режим на работа, бајпас вентилот е отворен, додека топчестиот и регулациониот вентил се затворени. Овој проток на вода се користи за време на нормално, рачно плакнење на филтерот за нечистотии и било каква работа на фенкојл уредот.

Плакнење на филтерот за нечистотии од потисната грана

Овој начин на плакнење на филтерот за нечистотии се применува кога бајпас вентилот и баланс вентилот се затворени, а точестиот вентил и вентилот на филтерот за нечистотија се отворени. Се врши само плакнење на филтерот за нечистотии низ ситото во атмосферата.

Повратно плакнење

При повратно плакнење, бајпас вентилот и топчестиот вентил се затворени, додека вентилот на филтерот за нечистотија и баланс вентилот се отворени. Се врши плакнење на изменувачот на фенкојлерот и филтерот за нечистотии. Сите нечистотии излегуваат низ топчестиот вентил на филтерот за нечистотии во атмосферата.

Connect-4 RP

CONNECT - 4 RP е дизајниран да обезбеди брза конекција со термалните единици. Овој уред има вграден термостатски баланс вентил 7217, вентил со двојна регулација 5523, топчест вентил со продолжена рачка 2190, кој овозможува лесно и брзо поставување изолација со целосна достапност на рачката на топчестиот вентил. Има и вграден филтер за нечистотија со топчест вентил кој овозможува брзо плакнење на ситото без отстранување.

Карактеристиките на CONNECT - 4 RP единицата се:

Tip

 

Kvs vrednost

Protok

Ugrađeni balansni ventil

HERZ br.artikla

 

½”

 

0.019 – 0.36

0.001–0.044 l/s

TS-99-V

1 4500 66

½”

 

0.14 – 0.76

0.0067–0.094 l/s

TS-98-V

1 4500 67

Работа во нормален режим, кога бајпас вентилот е отворен, плакнење од потисната грана и повратно плакнење се можни исто како кај единицата STANDARD CONNECT – 4.

Придобивки за проектантите:

  • 1. Познати димензии и карактеристики на единицата
  • 2. Скратено време за избор на вентил
  • 3. Намалена веројатност за појава на грешки при спецификација на опремата
  • 4. Познати технички карактеристики

Придобивки за изведувачите:

  • 1. Скратување на времето и трошоците на работното место
  • 2. Брза врска, потребни се само четири приклучоци
  • 3. Скратување на времето при порачка и набавка
  • 4. Намалена веројатност за неисправна работа на инсталацијата

Connect-4 SMART

Единицата HERZ CONNECT-4 SMART е дизајнирана да овозможи брзо поврзување на фенкојл апарати и други термални единици. Користи 4006 SMART вентил независен од притисок, со што хидрауличниот систем станува динамички регулиран. На вентилот 4006 SMART можат да се постават on/off или модуларни (0-10 V) погони и да се интегрира БМС систем доколку е тоа потребно.

Оваа единица обезбедува постојан проток, без оглед на промените на притисокот во системот. Кај оваа единица е обезбедено лесно изолирање на сите елементи и плакнење на инсталацијата. Процесот на плакнење се врши исто како и кај единицата STANDARD CONNECT – 4.

Карактеристиките на CONNECT-4 SMART единицата се:

Димензии на вентили

Проток

HERZ бр. на артикл

DN15 LF

0.003 – 0.010 l/s

1 4500 40

DN15 LF

0.010 – 0.030 l/s

1 4500 49

DN15 MF

0.026 – 0.060 l/s

1 4500 41

DN15

0.053 – 0.099 l/s

1 4500 44

DN20

0.091 – 0.204 l/s

1 4500 42

DN25

0.180 – 0.505 l/s

1 4500 43

Придобивки за проектантите:

  • 1. 100% авторитет
  • 2. Зголемување на енергетската ефикасност на системот
  • 3. Познати димензии и карактеристики на единицата
  • 4. Скратено време за избор на вентил и начинот на регулација на термалната единица

Придобивки за изведувачите:

  • 1. Скратување на времето и трошоците на работното место
  • 2. Брза врска, потребни се само четири приклучоци
  • 3. Скратување на времето при порачка и набавка
  • 4. Намалена веројатност за неисправна работа на инсталацијата