HERZ Strömax 4217 GM

Веќе од дамнешната 1896 година се размислувало на подобрување на хидрауликата во системите за греење, а денес веќе и во системите за ладење. Во урбаните средини, со оглед на зголемувањето на населението и масовното колективно домување, се роди предизвикот како да се обезбеди доверливо и достапно греење во секој дел од зградата.

Ventil Regulacioni

Слика 1 – Изглед на регулационите вентили пред 100 години

Освен предностите од подобрената удобност и едноставност, воведувањето на топловодно греење во зградите предизвикува проблеми во поврзувањето повеќе поголеми системи за греење кои се користат за снабдување на зградите.

Проблемот е што во становите кои се подалеку од изворот на топлина е студено, додека во становите кои се поблиску до изворот на топлина е премногу топло. Очигледно, водата во цевките секогаш го бара патот на помал отпор, што значи дека протокот на загреана вода во цевките блиску до пумпата е многу поголем отколку протокот на загреаната вода низ пооддалечените цевки, иако номиналниот дијаметар на мрежата цевки е ист.

Прашањето кое сега се поставува е дали протокот на вода можел да се промени, така што истата количина од медиумот за греење за потрошувачите со иста големина може да биде на располагање на било која оддалеченост од пумпата преку создавање вештачки отпор. Така се родила идејата за хидраулично урамнотежување и начинот на неговото спроведување.

Првите баланс/регулациони вентили биле со права изведба. Тие главно биле едноставни вентили за исклучување на проток, додека пак оние малку понапредните вентили имале и скала за подесување, т.е. меѓуположби во кои вентилот можел да се постави и на тој начин да се ограничи протокот. Овие главно биле вентили со клапна, шибер вентили и вентили кои личат на класичните вентили кои и денес можат да се видат во водоводни инсталации.

Balansiranje cevovoda - nebalansiran sistem
Слика 2 - Дистрибуција на топлинска енергија во неурамнотежен систем

Balansni ventili 20. veka
Слика 3: Стоп/регулациони вентили во 60-тите години на 20-иот век

Основната разлика помеѓу правиот и косиот вентил е - изведбата!

  • Правиот вентил личи на обратна буква Т
  • Косиот вентил личи на легната буква Y

Strömax 4217 GM

Ventil Stromax 4217 GM

Прав баланс вентил тркало со прецизно покажување позиција (бројчаник) мерни приклучоци за диференцијален манометар DN 15-80 Месинг DZR висока прецизност, мала грешка од ± 5% целосно отворен ±10% при 25% отвореност репродукција на мерења и резултати приклучоци во иста рамнина, олеснување при мерење кај целосно затворен вентил можно мерење на достапен напор примена во КГЛ и системи за вода за пиење.

Каде се користи правиот баланс вентил?

Целта на баланс вентилот е да создаде неопходен пад на притисокот на местото каде се наоѓа за да отпорите во системот бидат приближно слични поради рамномерна дистрибуција на вода. Значи, без оглед на обликот на вентилот (прав или кос), тие се поставуваат на клучни позиции во системот.

Дали правите вентили се инфериорни во однос на косите?

Се разбира не. Единствениот меродавен индикатор е карактеристиката на вентилот или kv вредноста. Таа дефинира како се однесува и како се одбира вентилот во тек на пресметката.

Ventil Regulacioni

Пресек на кос баланс вентил

Дали правите вентили даваат поголем отпор?

Се разбира не. Сето тоа зависи од карактеристиката на вентилот, kv. и според неа, може да имаат дури и помал притисок отколку косите вентили.

Кои се брзините на проток низ вентилот?

Ограничувањата на брзината на протокот се исти, без оглед на видот на вентил, затоа што таа зависи од дијаметарот на цевката и материјалот од кој е изработена.

Карактеристики на вентилот

Зависноста на kv вредноста од одот на вентил е речиси линеарна заради специјалната конструкција на вентилот.

Ventil Stromax 4217 GM

Пресек 4217 ГМ

Повеќе за овој вентил, како и подетални технички карактеристики може да се најдат на www.herz.rs..

Strömax 4017 M или 4217 GМ?

  • Во 4017 М, дп се мери на мерниот отвор пред вретеното на вентилот (приклучоците се на истата страна).
  • Во 4217 GМ, дп се мери на самиот вентил (приклучоците се пред и зад вретеното).
  • Предноста на 4017 М е прецизноста, малата грешка и брзото подесување за време на балансирањето.
  • Предноста на 4217 GМ е мерењето на расположливиот напор, доколку е потребно.

Препорака

За вентили во подстаницата, главната грана и гранките треба да се користи 4217 GМ, додека за вентили на потрошувачите и кратки делници треба да се користи 4217 М каде што во текот на балансирањето на системот се постигнува висока продуктивност (особено во системи со голем број потрошувачи).