Легионела

Легионелата е малку позната, но широко распространета бактерија, која во природни концентрации населува водени средини (реки, езера, влажна почва, мочуришта...) Таа била откриена во 1979 година на Конгресот на Американската Легија во Париз, кога голем број учесници, сместени во еден хотел, се заразиле со претходно непозната бактерија. Оттогаш започнува нејзиното истражување и технолошкиот развој на опремата која се користи за нејзино отстранување.

До денес се познати повеќе од 48 видови од оваа бактерија од кои најпознатата е Legionella pneumophilia (70-90% од вкупната распространетост). Во природни концентрации таа не е опасна, меѓутоа во зголемени концентрации претставува голема опасност доколку се внесе со вдишување во ситни капки (на пример, преку вдишување пареа во тек на туширање).

Zastita od legionele

Особено е опасна кај лица со намален имунитет и деца и во такви случаи предизвикува т.н. Легионерска болест, која е многу слична на пневмонијата, само посмртоносна. Како што рековме, опасна е во зголемени концентрации, а условите за репродукција и зголемена концентрација се најоптимални во сите оние системи за топла вода кои немаат доволна циркулација и плакнење (брзини помеѓу 0,3 и 1 m/s), како на пример во системите за подготовка на топла санитарна вода, резервоари за топла вода, рециркулациони водови, потоа средини како клима уреди, базени, домашни инсталации – тушеви, итн...

За да разбереме некои од начините на борба против легионела, важно е да се наведат температурните нивоа и на животниот циклус на легионелата.

  • На температури < 20 °C легионелата може да преживее, но не е активна, ниту опасна
  • 20 до 50 °C бактеријата легионела расте и се развива
  • 35-46 °C идеални услови за развој и ширење на легионелата
  • 50 до 55 °C бактеријата преживува, има побавен раст и размножување
  • 55 °C бактеријата умира по 5 до 6 часа
  • 60 °C бактеријата умира по 32 минути
  • 66 °C легионелата умира по 2 минути
  • 70 до 80 °C легионелата умира моментално - зона на дезинфекција

Исто така, важно е да се наведат некои препораки за превенција:

  • Конструкцијата, т.е. изведбата на цевките, да има што помалку кривини, мртви зони
  • Поголеми протоци
  • Избор на материјали за инсталација - цевки од полимерни материјали или на база на бакар, арматури од DZR месинг
  • Да се користи, ако е можно, омекната вода поради таложење на бигор
  • Да се користат резервоари со помал капацитет за топла вода
  • Топлата санитарна вода да се ограничи на што е можно пониски температури

При изборот на опремата за спречување на легионелата, важно е да се обрне внимание на следниве фактори:

  • Однесување на легионелата на различни температури
  • Проблемот на биофилм
  • Тврдост на водата

Однесувањето на легионелата на различни температури е прикажано погоре. Проблемот на биофилмот е поврзан со природното создавање тенок слој од микроорганизми и супстанции од клеточно потекло кој се таложи на местото на контакт на водата со цврстите подлоги (ѕидови на цевките, ѕидови на резервоарите, бојлерите...) Таквиот биофилм создава идеална микросредина за развој и хиперпродуктивно размножување на легионелата.

Проблемот е во тоа што биофилмот е многу тврд и отпорен слој. Проблемот со тврдоста на водата е исто така природен процес на претворање на бикарбонати на Ca и Mg во карбонати на повисоки температури, што доведува до формирање и таложење бигор.

Слоевите бигор се исто така идеална средина за развој и размножување на легионелата. Сите овие работи треба да се имаат во предвид при изборот на опремата за заштита од легионела. Постојат неколку стандардни методи врз основа на кои се развива опремата за заштита од легионела. Секој има свои предности и недостатоци. Овие методи се:

  • термичка обработка на температури повисоки од 70 °C
  • термичка обработка на температури според DVGW > 60 °C
  • УВ зрачење
  • третман со хлор или раствор од натриум хипохлорид
  • третман со озон
  • третман со хлор диоксид

Методите на заштита не се тема на овој текст, така што ќе ги спомнеме само основните предности и недостатоци на поединечните методи. Предностите на термичките методи на превенција се во тоа што директно ја користат биологијата на легионелата и што се најбезбедни во смисла на дезинфекција. Нивниот недостаток е формирањето бигор и поттикнување на предусловите за повторното создавање на легионелата, како и недоволно ефикасно дејство врз биофилмот.

Предноста на хемиските методи е поефикасното дејство врз биофилмот (посебно третманот со озон и хлор диоксид), но голем недостаток е контаминацијата на водата со хемикалии.

Компанијата HERZ ARMATUREN има развиено неколку артикли кои се користат во системите за термичко спречување на легионелата и тие ќе бидат накратко презентирани подолу.

HERZ Legiofix


HERZ Legiofix е уред за безбедносна подготовка кој ја овозможува подготовката за режимот на плакнење на инсталацијата со вода загреана над 70 °C (подготвителна станица пред потрошувачот).

HERZ Legiofix ги задоволува барањата на австрискиот стандард ÖNORM B5019. Стандардот ја зема во предвид хигиената и дава насоки за проектирање, имплементација, работа, одржување и следење на системите за санитарна топла вода.
Во согласност со ÖNORM B 5019, Legiofix се поставува до 6 метри растојание пред секоја одливна точка.
Може да се монтира пред разделникот и собирникот за топла вода или за секоја славина одделно.
Забелешка: Доколку не постојат насоки и препораки за одржување на хигиената на санитарната вода за пиење, Legiofix не треба да се користи. Овој производ е исклучиво развиен за австрискиот пазар.

Legionela - Herz Legiofix

Нормален режим на работа

Топлата вода, централно подготвена на 55 °C се меша со ладна вода во Legiofix и се добива вода на температура од 48 °C која оди кон потрошувачот.

Режим за дезинфекција

Термостатскиот трокрак вентил при зголемување на температурата на централно подготвената врела вода > 70 °C директно го отвора преминот на врела, немешана вода во инсталацијата кон потрошувачите, што врши чистење и дезинфекција, што пак ја уништува легионелата.

Работните податоци за HERZ Legiofix се следниве:

  • Максимален работен притисок: 10 бари.
  • Минимална работна температура: 2 °C.
  • Максимална работна температура: 90 °C

HERZ граничник за температура на циркулацискиот вод


Овој производ служи како сигурносен елемент за ограничување на температурата во циркулациските водови, а воедно и како вентил кој го отвора слободниот премин на врелата вода за дезинфекција на водот.

Овие вентили имаат две термостатски влошки. Долната термостатска влошка е отворена до 52 °C и овозможува проток во циркулацискиот вод (Слика 4), а горната е затворена. Ова е од суштинско значење за да се обезбеди циркулација на водата и снабдување на потрошувачите со вода на неопходната температура. Во температурниот опсег од 52 °C до 70 °C двете влошки се затворени. Во овој случај се намалува протокот низ рециркулациониот вод за да се намалат загубите во рециркулација, бидејќи температурата на подготвената вода е во дозволениот опсег и е подготвена за консумирање. Кога централно ќе се пушти топла вода над 70 °C, горната влошка го отвора вентилот и овозможува плакнење на циркулацискиот вод против легионела.

Zastita od legionele

Овие вентили имаат две термостатски влошки. Долната термостатска влошка е отворена до 52 °C и овозможува проток во циркулацискиот вод, додека горната е затворена. Ова е од суштинско значење за да се обезбеди циркулација на вода и снабдување на потрошувачите со вода на неопходната температура. Во температурниот опсег од 52 °C до 70 °C двете влошки се затворени.

Во овој случај се смалува протокот низ рециркулациониот вод за да се намалат загубите во рециркулација бидејќи температурата на подготвената вода е во рамките на дозволениот опсег и е подготвена за консумирање.

Кога централно ќе се пушти врела вода над 70 °C, горната влошка го отвора вентилот и овозможува плакнење на циркулацискиот вод против легионела.

Zastita od legionele

Пример за примена на граничник за температура и едноставни инсталации за санитарна вода за пиење.

HERZ Armaturen d.o.o. - Србија | 2013