HERZ Armaturen котли на биомаса

HERZ е препознатливо име во областа на греењето. Повеќе од 115 години произведува опрема според која најголемиот број професионалци и корисници го препознаваат, а тоа е арматура за грејни тела и регулациона арматура.

Препознатливиот австриски квалитет и долгата традиција се карактеристиките кои долги години ги привлекуваат сегашните, но и идните корисници. Малку е познато во нашиот регион дека HERZ од 80-тите години на 20-иот век произведувал и котли на дрвна биомаса. Преку 25 години се произведуваат исклучиво котли на дрва. На почетокот на 2009 година се отвори новата фабрика во местото Pinkafeld, на границата меѓу Burgenland и Stiermark во Австрија..

 

136_slika1.jpg

Новата фабрика за котли на биомаса, Pinkafeld, Австрија

Целосното модерно производство и фабриката им доликуваат на котлите кои спаѓаат во најмодерните котли на дрвна биомаса на пазарот. Развој, центар за обука, лабораторија за испитување различни извори на енергија и опрема, комплетен сервисен центар и техничката поддршка се само некои од пратечките содржини. Квалитетот и техничкото решение привлече многу светски познати производители на котли за кои HERZ ги произведува котлите како ОЕМ производ.

Производна програма

Под дрвна биомаса, HERZ ги смета цепенките, пелетите и чипсот. Котлите се наменски конструирани и направени за овој вид енергенс кој го има во изобилство во Австрија, каде културата на користење дрва, дрвен и шумски отпад е многу развиена. Производната програма опфаќа котли на цепенки (8-40 kW), пелети (3-2000 kW) и дрвен чипс (7-2000 kW).

Производствена програма за биомаса

На Саемот за Техника, кој се одржа во мај 2010 година во Белград, за прв пат беше претставена производната програма на HERZ котли на биомаса за српскиот пазар.

Општи карактеристики:

Важно е да се кажат неколку зборови за самите котли и нивните карактеристики со кои отскокнуваат од котлите на другите производители.

Специфики:

  • Наменски конструирани котли за цепенки, пелети и чипс
  • Лим за котли со дебелина од 6 mm (австриски материјал)
  • Изолација која го покрива секој дел на котелот (дебелината зависи од моделот на котелот)
  • Горилникот е составен дел на ложиштето на котелот, така што согорувањето се одвива во внатрешноста на котелот
  • Вертикален цевкест топлиноизменувач
  • Согорување во неподвижен слој
  • Присилно проветрување со фреквентен вентилатор
  • Бројот на вентилатори за примарен, секундарен воздух и извлекување на чадот зависи од моделот на котел и моќноста
  • Ламбда сонда
  • Голем број сензори за следење и управување на котелот
  • Напредна автоматика и контролна единица за управување со максимум 6 посебни грејни кола или 5 грејни кола и 1 соларен круг, акумулатор за топлина, санитарна вода
  • Големиот број различни режими на работа овозможуваат работа на котелот во било кој систем
  • Компатибилност на котлите со други контролни единици
  • Можност за далечински надзор, дојава на грешки преку СМС или телефон
  • Автоматско палење
  • Автоматско чистење на решетката за согорување
  • Автоматско чистење на топлиноизменувачот
  • Кај некои модели на котли, автоматско отстранување на пепелта од ложиштето и фина пепел
  • Подпритисни котли
  • Топловодни котли
  • Модуларната конструкција го олеснува транспортот, внесувањето и монтажата во просториите
  • Различни транспортни системи за достава на гориво од магацинот до котелот
  • Дозирање пелети и чипс со сврдел
  • Степен на ефикасност на котлите ŋEF> 92% (во зависност од моделот и преку 95%)
  • Температурата на чад на излез од котелот е околу 120 °C (зависно од моќноста на котелот)
  • Целосно производен во Pinkafeld
  • 5-годишна гаранција на телото на котелот и изменувачот
  • 2-годишна гаранција на целата електроника

Со секој проект се добива 2D/3D цртеж на планираната постројка; котлара, транспортен систем и складиште врз основа на собраните податоци, можностите на теренот и желбите на корисниците. Хидрауличните шеми и препораките на компанијата HERZ се исто така достапни за проектанти, изведувачи и студенти.

 

136_slika2.jpg

Пример на хидраулична шема

 

 

 

 

 

136_slika3.jpg 136_slika4.jpg

Примери на 3D и 2D приказ на планираната постројка, услуга на компанијата HERZ

HERZ Pelletstar

Во оваа прилика, би сакале да ви го претставиме котелот Pelletstar (10-60 kW) за согорување пелети.

 

Постојат три изведби според транспортниот систем за пелети:

 

1. Котел со резервоар за пелет со зафатнина 300-350 л. (Слика 1)

2. Котел со пневматски транспорт на пелети до котелот (Слика 2)

3. Котел со транспорт на пелети со флексибилен сврдел (Слика 3)

4. Котел со агитатор за транспорт на пелети (Слика 4)

 

136_slika5.jpg

Слика 1

136_slika6.jpg

Слика 2

136_slika7.jpg

Слика 3

136_slika8.jpg

Слика 4

Во поглед на конструкцијата, котлите се исти и имаат исти карактеристики, додека разликата е во применетиот транспортен систем. Постојат различни можности за транспортниот систем и зависат од проект до проект. Складиштата за гориво можат да биде надземни, подземни, на исто ниво со котелот, над котелот или под котелот. Складиштата можат да бидат ѕидани, монтажни, дрвени, метални, силоси, итн. Сè може да се изведе.

136_slika9.jpg

Пресек на котелот Pelletstar

Телото на котелот е целосно опкружено со вода. Ова обезбедува максимално предавање на генерираната топлинска енергија. Изолацијата ја задржува топлината внатре во котелот, со што се намалуваат загубите и се влијае врз степенот на ефикасност. Палењето се врши со помош на електричен грејач, уред сличен на фенот за коса, од 1,5 kW. Грејачот е поврзан со ложиштето со млазница. Загреаниот врел воздух поминува од грејачот низ млазницата и влегува во горилникот веднаш над решетката каде доаѓа во контакт со пелетите. Доаѓа до загревање, сушење испарување на испарливиот гас и палење. Тогаш процесот на согорување се развива и одржува со дозирање на свеж воздух и пелети.

Процес на согорување

Дозирањето пелети се врши од горе. Примарниот и секундарниот воздух влегуваат над решетката. Вентилаторот за извлекување чад создава негативен подпритисок во котелот и го обезбедува неопходното струење во котелот. Димните гасови се качуваат до врвот на ложиштето, влегуваат во првата комора на изменувачот и струјат надолу, влегуваат во втората комора на изменувачот и на врвот излегуваат во оџакот. Топлиноизменувачот има подвижни делови, турбулатори, кои имаат неколку функции:

  • Чистење на топлиноизменувачот
  • Отстранување на пепелта од димните гасови
  • Предизвикуваат турбулентно струење
  • Димните гасови добиваат спирална патека, со што се продолжува патеката и времето на престој на гасовите во котелот
  • Зголемување на ефикасноста и степенот на размена на топлина

 

Дополнително

Моќноста на котелот може да модулира помеѓу 30-100%. Контролната единица ја определува потребната моќност според влезните параметри во зависност од режимот на работа на котелот. Токму поради можноста за модулација, котлите не секогаш работат на максимално оптоварување и тоа се одразува на заштедата на енергија и порамномерната работа.

Чистењето на решетката и топлиноизменувачот се врши автоматски за време на работата на котелот. Сите работни параметри се поставуваат за време на пуштање во работа и остануваат на располагање на корисникот да ги промени доколку е потребно.

Празнењето на кутијата за пепел мора да се прави рачно од време на време во зависност од системот, а искуството може да одреди колку често тоа е неопходно.

HERZ препорачува употреба на акумулатори на топлина со сите свои котли. Акумулаторите на топлина се садови кои служат за складирање на топлина. Предностите на користење на акумулаторите се следниве:

  • Порамномерна работа на котелот без нагло гасење и стартување
  • Одржување постојана температура на водата
  • Намалување на времето на работа на котелот
  • При гасење на котелот, водата го презема вишокот енергија, наместо да се растура, и котелот евентуално да се прегрее
  • Зголемување на степенот на ефикасност

 

Треба да се има на ум дека ова се котли на биомаса и дека принципот на работа на овие котли е специфичен. Во секое време се наоѓа одредена количина гориво во ложиштето која во тек на согорувањето оддава одредена количина топлина. Во текот на процесот на автоматското чистење доаѓа до краткорочен застој на производството на топлина и котелот минува низ процеси на догорување, гаснење, проследено со чистење. Потоа, повторно почнува процесот на палење, создавање жар и развивање на согорувањето. Овој застој трае околу 30 минути. Со помош на акумулаторот на топлина се испорачува топла вода, без оглед на краткиот прекин на работа, така што и системот и корисникот добиваат непречена испорака на топлинска енергија.

Принципот на работа на котлите на HERZ, кој секако повторно зависи од режимот на работа, е секогаш да се задоволат грејните кола, а дури потоа акумулаторот на топлина. На акумулаторот на топлина му се задаваат горна и долна температура и Δt. Ова значи дека нема непотребно греење големи количини вода и зголемена потрошувачка на гориво, се намалува времето на работа на котелот, се обезбедува рамномерна работа и се зголемува степенот на ефикасност. Секако, употребата на акумулаторот зависи и од напредноста на котелот, колку е котелот автоматизиран, колку параметри се следат, управувачката единица, автоматиката на системот, работата според надворешната температура, итн. Поедноставните котли и поедноставните принципи на работа можеби и не бараат акумулатори на топлина, но затоа и можностите на овие постројки и степенот на ефикасност се ограничени.

Перспектива

Користењето биомаса се наметнува како иднина на енергетиката во Србија. Иако употребата на биомасата е многу развиена во земјите од Западна и Централна Европа, во Србија е во зародиш. Србија има огромен потенцијал за производство на биомаса. Предностите на биомасата се бројни, но неопходно е многу да се работи со цел овој извор на енергија и технологијата за неговото согорување да им се доближи на колегите во браншата, државата и на крајот на краиштата на инвеститорите, државјани на Република Србија.

Фактот дека во земјата веќе постојат неколку производители на дрвни пелети (BioEnergy Point, Zelena Drina, Benevento, Biotherm, GOTA, Forest Enterprise, итн.) и неколку производители на агро брикети/пелети е многу охрабрувачки, но, за жал 90% од производството (на дрвни пелети) се извезува. Во време кога фосилните горива се многу скапи, светските залихи се намалуваат и цените на енергенсите имаат нагорен тренд, би било убаво да се искористат природните ресурси, како биомаса, и граѓаните да уживаат во поволен, доверлив, домашен и еколошки извор на енергија.