HERZ повеќеслојни цевки и press фитинзи

HERZ повеќеслојната цевка е развиена за повеќенаменска употреба и сложени инсталациски структури. Може едноставно и економично да се обработува, а се истакнува со висок квалитет, сигурност и долготрајност. Покрај тоа, може целосно да се рециклира. HERZ повеќеслојните цевки се изработуваат на најмодерни производствени машини и според повеќедецениско технолошко и производствено искуство.

Се состои од основна цевка од полиетилен врз која се нанесува алуминиумски слој со надолжно заварување. Полиетиленот е повеќенаменска пластична маса која може да се рециклира по употреба. Користената пластика се претвора во синтетичко сирово масло и повторно се употребува за производство на пластика. Оваа структура ги комбинира извонредните карактеристики на пластиката со докажаните својства на алуминиумот. Слојот од алуминиум обезбедува стабилност и стопроцентна непропустливост на кислород. Во текот на производствениот процес се постигнува рамномерен напречен пресек на цевката кој гарантира прецизност кај сите споеви.

Карактеристики на цевката:

  • PE – полиетилен
  • RT – температурна константност
  • Al - алуминиум
  • HD - висока густина
  • FH – повеќеслојна цевка со потенок алуминиумски слој за едноставно поставување на површинското греење и ладење
  • Цевките се испорачуваат во калеми и шипки во зависност од димензијата на цевката (табела 1).

Карактеристики на цевката:

  • Максимална работна температура: 95 °C (краткотрајно 110 °C)
  • Максимален работен притисок: 10 бари (краткотрајно 15 бари)
  • Грубост на цевката: 0,007 mm
  • Топлинска спроводливост: 0,5 W/mK
  • Топлинска спроводливост на FH цевка: 0,43 W/mK
  • Коефициент на линеарно ширење: 0.024 mm/mK
  • Коефициент на линеарно ширење на FH цевка: 0.023 mm/mK
  • Дифузија на кислород: <0,005 mg/l d

Линеарен коефициент на истегнување на цевката

Независно од пречникот на цевката, линеарниот коефициент на истегнување е 0.024 mm/W К. Промената на должината на цевката може да се пресмета според формула:

Каде што:

  • а - коефициент на линеарно ширење
  • l - инсталирана должина на цевката
  • Δt - температурна разлика меѓу потисот и повратот

Правилното поставување на цевките го компензира истегнувањето

 

Компензација на дилатација и растојанието зацврстена

 

каде што:

  • c = 33 - бездимензионална константа на материјалот
  • Da - надворешен дијаметар на цевката
  • Δl - промена на должината

За слободно поставени цевки, поради нивната стабилност, не се потребни средства како што се носечки шелни, заштитни цевки и слично. Пластичните или металните шелни треба да имаат влошка од гума или некој мек материјал за да се избегне оштетувањето на цевката и да се елиминира преносот на звук.

Распоредот на фиксните точки и лизгачките лежишта е многу важен при поставувањето цевки за да се остави доволно простор за компензација. За промена на правец, се препорачуваат press фитинзи, додека за димензии DN32 и повеќе мора задолжително да се предвидат. Дилатацијата на цевката може да се намали за 50% со предоптоварување.

Дилатација на цевка при промена на правец

 

Кај вертикалните водови препорачливо е да се постави фиксна точка во средината на водот. На овој начин се постигнуваат помали растојанија меѓу прстените.

 

Фиксна точка на крајот на успонската цевка

Фиксна точка во средината на успонската цевка

Кај ѕидни и плафонски монтажи, треба да се користат заштитни цевки. За да се избегнат оштетувања, цевките не смеат да се виткаат преку рабови. Треба да се обезбеди заоблување, т.е. доволно големи отвори.

При поврзување цевки во шахти, мора да се придржува кон должината на компензациските краци на лаците. Доколку ова не е можно, минувањето низ шахтата треба да се изведе да биде доволно големо за се овозможи истегнување на цевката. Се препорачува употреба на заштитни цевки при минувањето низ шахта.

Радиус на свиткување

Свиткувањето на цевката може да се прави со алат за свиткување со внатрешна или надворешна пружина, како и со вообичаените алати за свиткување или со рака. Минималниот радиус на свиткување, се разбира, мора да се почитува. За цевки DN32 или поголеми, мора да се употребат press фитинзи.

Постојаност на HERZ повеќеслојните цевки

Постојаноста на хемиски влијанија, за вода со зголемена тврдост, се постигнува преку физичко-хемиските својства на полиетиленот. Предностите на полиетиленот се во неутралноста во однос на мирисот и вкусот, работниот век, големата издржливост и безбедноста во поглед на прехранбени производи и можноста за рециклирање. При поставување во простории со високи концентрации хемиски гасови или влага (штали, големи кујни, итн.) металните спојки мора да се заштитат. Постојаноста на ултравиолетово зрачење се постигнува преку алуминиумската цевка. Настанувањето алги бара ултравиолетово зрачење и како резултат на тоа може да се исклучи. Краткобраново ултравиолетово зрачење го забрзува процесот на стареење на пластиката. PE - надворешниот слој со голема густина обезбедува доволна стабилност за слободно поставување во објекти, така што дополнителни заштитни мерки се непотребни.

Употребениот материјал PE има висока отпорност на антифриз базиран на гликол. При употреба на температури под 0 °C употребата на овие средства за да се спречат оштетувања е неопходно. Можно е да се применат електрични грејни ленти за заштита од замрзнување на цевките. За поефикасна размена на топлина лентите се монтираат со леплива фолија. Грејните ленти мора да бидат технички испитани и да имаат соодветни сертификати за примена. Грејните ленти служат само за заштита од мраз и не се погодни за дополнително загревање.

Температури на обработка и примена

Најниската температура на која може да се изложува PE е околу -20 °C, додека температурата при поставување на цевките може да биде до -40 °C. На температури под +5 °C, цевките не смеат да бидат изложени на премногу силно механичко оптоварување. Цевките мора да се вградат без преднапон на свиткување, затегнување и торзија. При мали радиуси на свиткување на температура на поставување од 0 °C, постои зголемен ризик од отстапувања. Препорачуваме употреба на помагала за виткање, на пример загревање на одговарачките делови од цевките на температура над +5 °C. Алатот кој се користи за пресување мора да се обезбеди доволна сила на пресување и при ниски температури. Потребно е да се обрне внимание на податоците наведени од производителот на алатот.

Однесување во случај пожар

При производството на HERZ повеќеслојните цевки, покрај алуминиумот, се користат исклучиво пластични маси врз база на полиолефин. При согорување настануваат истите испарувања. При неповолни услови (премалку кислород) може да дојде до појава на јаглерод моноксид или саѓи кои се појавуваат во тек на нецелосно согорување на сите органски материи. Алуминиумот во нормални услови не може да гори. Производите на оксидацијата не се отровни. При согорувањето на HERZ повеќеслојните цевки не се испуштаат халоген, киселини или други отровни материи, т.е. материи штетни по животната средина. При одвојување на опожарените места се применуваат, според стандардите, соодветни противпожарни зони за да се спречи ширењето на пожарот.

HERZ повеќеслојните цевки спаѓаат во категоријата Б2 (нормално запаллив градежен материјал) во согласност со DIN 4102, дел 1.

HERZ press фитинзи

Со HERZ press фитинзите може брзо и апсолутно безбедно да се поврзат HERZ повеќеслојните цевки. HERZ со своето долгогодишно искуство во областа на поврзување цевки произведува со признат висок квалитет, врз основа на внатрешниот развој, радијални press фитинзи од CR месинг со чаури од легиран челик, кои речиси во сите облици и големини се атестирани за поврзување повеќеслојни пластични цевки за снабдување згради со ладна и топла вода. Нашето искуство е ваша сигурност со 10-годишна гаранција за HERZ PipeFix системот.

За повеќе информации, контактирајте ја техничката поддршка на HERZ.

Ваш, HERZ Armaturen