Историја

Во тек на 116 годишното постоење, од фабрика за арматури во десеттата виенска област, до меѓународна компанија со 1.500 вработени ширум светот, имаше многу пресвртници.

Франц Гебауер (Franz Gebauer) и Виктор Лернер (Victor Lehrner) ја основале Gebauer & Lehrner и почнале да произведуваат арматури со 12 вработени. Производната програма веќе тогаш била разновидна. Каталогот на производи од 1908 година содржел околу илјада производи; од санитарни и прецизни арматури, преку гасни и топловодни арматури, до кади и бојлери. Уште пред светската војна, компанијата Gebauer & Lehrner вработувала повеќе од 300 работници кои работеле не само на производство на арматури за гас, вода, греење и бањи, туку произведувале и славини за точење пиво, како и славини за вински буриња.

KR Viktor Lehrner (1874-1969)

KR Viktor Lehrner (1874-1969) бил еден од основачите на корпорацијата Gebauer & Lehrner, денес позната како HERZ

Во текот на Првата светска војна настанале бројни политички и економски проблеми, исто како и во меѓувоениот период, но не го сопреле производството, иако работната сила се намалила на само 120 работници.

Во текот на Втората светска војна, производството на арматури било забрането, така што целото производство на компанијата Gebauer & Lehrner било ограничено само на производство на мали оружарски преработки (запалки за торпеда).

Реорганизацијата на компанијата по војната донела големи промени. Кадровските промени во раководството биле проследени со модернизација на производството и неизбежна рационализација на производната програма. Артиклите биле систематизирани каталошки, а техничката документација била стандардизирана. На крајот на педесеттите години, компанијата се специјализирала за арматури за греење и, во согласност со геополитичката ситуација, работењето се ориентирало кон извоз.

Системот на производство бил модернизиран, додека прецизноста во производството станала основа за натамошен успешен развој на HERZ производите. Првиот значаен успех во областа на извозот бил постигнат во 1964 година кога низ целиот свет се продале 800.000 регулациони вентили за греење. Уште во времето на регулирање на греењето со рачни вентили, компанијата HERZ прераснува во лидер во производството и развојот на регулациони арматури.

Истражувачките и развојните активности се забрзуваат и овој концепт на пристап кон пазарот конечно вродил со плод во 1970 година кога се продале 1,8 милиони вентили ширум Европа. Постојаниот раст на искористување енергија, зголемувањето на трошоците и многу други барања, имале значително влијание врз развојот и подобрувањето на термостатските вентили. Првиот HERZ термостатски вентил бил пуштен во продажба во 1972 година, а нивниот развој и оптимизација се вршат континуирано и денес. Името HERZ се додава кон името на компанијата во 1973 година, додека Gebauer & Lehrner KG се отфрлаат од името на денешниот HERZ Armaturen AG.

Компанијата се сели во 1986 година во новото седиште на улицата Richard-Strauss-Straße во Виена.

Во 1983 година, HERZ разви контролер на собна температура TOPTHERM.

HERZ- ETC (7900) е статички контролер на собна температура со PI дејство за автоматска контрола на собна температура. Дополнет е со синхронизиран тајмер (7910 - дневна програма, 7915 - неделна програма) и може да регулира температура во било кое време.

HERZ исто така разви актуатори (7711 и 7712) за регулирање собна температура за радијаторско и подно греење.

По промената на сопственоста во 1996 година, HERZ Armaturen AG прерасна во друштво со ограничена одговорност. Денес HERZ Armaturen Ges.m.b.H. има 5 фабрики во Австрија, 3 во Европа (Полска, Романија, Словенија) и 1500 вработени во Австрија и во странство. HERZ Armaturen е единствениот австриски производител и еден од водечките светски производители на опрема за греење, ладење и климатизација и подготовка на санитарна вода.

Компанијата HERZ Armaturen е фокусирана на стабилен раст и подобрување на производите во согласност со европските стандарди за квалитет. Од своето основање во 1896 година, HERZ се етаблира како доверлив партнер во сите области на градежништвото.

Во 1995 година, HERZ Armaturen ја претстави новата генерација термостатски глави DESIGN (9230 и 9260).

Атрактивниот дизајн на термостатските глави на HERZ беше развиен во соработка со PORCHE Design GmbH, Ferdinand A. Porche. Оваа серија термостатски глави не се произведува само за HERZ термостатските вентили, туку и за вентили од други производители (D, H). Моделите со далечински управувач (9330) или далечински сензор (9340) ја комплетираат палетата на овие производи. Термостатот HERZ DESIGN е основен модел за сите HERZ DeLuxe термостатски вентили.

Во 2003 година, HERZ Armaturen ја прошири палетата на баланс вентили, а некои од нив се многу успешните модели 4117 и 4217, заедно со регулаторите на диференцијален притисок 4007.

За правилно функционирање на автоматските вентили, особено во двоцевни системи за радијаторско греење и термостатските вентили со предподесување (HERZ производи TS-90-V, TS-98-V и TS-98-FV) потребен е регулатор на диференцијален притисок. Со овие важни производи HERZ денес обезбедува целосен асортиман на производи за монтажа и реконструкција на системи за далечинско греење.

Во 2011 година, во областа на системи за контрола на згради, HERZ ја прошири својата производна програма со комби вентили. Новиот комби вентил HERZ SMART4006 е додаток на серијата вентили со целосна автоматска регулација на диференцијален притисок и проток - серија 4006.

Контролата на проток со интегриран актуатор со користење термоелектричен континуиран погон HERZ 7990 е идеален избор за оптимизирана, енергетски-ефикасна контрола на собна температура. Со овие производи (HERZ KV102LIN-KV107LIN, МВ 3P 15-MV3P 50, 4006, 4037, 7760, 7762 и 7763), компанијата нуди комплетна и атрактивна линија производи.