Третман на вода во системите за греење, интелигентен двостепен пакет
16 06 2020Ако водата со која се полни и дополнува системот за греење не се третира, системот за греење е подложен на корозија...
125 Година HERZ Armaturen
Акционерското друштво HERZ Armaturen произлезе од компанијата Gebauer & Lehrner, основана во далечната 1896 година. Во текот на своето постоење од 125 години, компанијата се специјализираше за производство и развој на висококвалитетни арматури за греење, ладење и климатизација. На чело на компанијата, како сопственик и генерален директор, е г-дин д-р Gerhard Glinzerer. Денес, HERZ Armaturen, со околу 2.300 вработени, е единствениот австриски и еден од најзначајните производители на термостатски вентили, регулациони арматури, системи за подно греење, котли на пелети, соларни системи и топлински пумпи во Европа.
HERZ повеќеслојни цевки и press фитинзи
HERZ повеќеслојната цевка е развиена за повеќенаменска употреба и сложени инсталациски структури. Може едноставно и економично да се обработува, а се истакнува со висок квалитет, сигурност и долготрајност. Покрај тоа, може целосно да се рециклира. HERZ повеќеслојните цевки се изработуваат на најмодерни производствени машини и според повеќедецениско технолошко и производствено искуство.
HERZ Armaturen котли на биомаса
HERZ е препознатливо име во областа на греењето. Повеќе од 115 години произведува опрема според која најголемиот број професионалци и корисници го препознаваат, а тоа е арматура за грејни тела и регулациона арматура...