Третман на вода во системите за греење, интелигентен двостепен пакет

Системите за греење во последниве години се покомпактни, додека топлиноизменувачите, бојлерите и котлите се со помали димензии и високи перформанси. Ваквите системи се повеќе чувствителни на пречки.

Ако водата со која се полни и дополнува системот за греење не се третира, системот за греење е подложен на корозија, бигор, тиња и гасови.

Одлучувачки фактори за степенот на појава на таложење на бигор се: квалитетот на водата за полнење и дополнување на системот за греење, температурата на ѕидовите на топлиноизменувачите и работните услови. Главната компонента која се наоѓа како талог на грејачите во бојлерите е калциум карбонат, кој настанал од топлата вода. Тврдата вода содржи калциум (а често и магнезиум) бикарбонат и/или слични соли. Калциум бикарбонатот е растворлив во вода, но на температури над 70°C (158°F) растворливиот бикарбонат се претвора во слабо растворлив карбонат, што доверува до таложење бигор на местата каде што водата се загрева. Исто така, можат да се појават локални точки на вриење кога водата се загрева, што доведува до концентрација и таложење на соли во водата. Ако температурата се зголемува, тогаш се зголемува и ризикот од појава на таложење на бигорот. Одлучувачки фактор не е излезната температура на водата, туку температурата на ѕидовите на топлиноизменувачот.

Таложењето на CaCO3 секогаш е резултат на реакцијата на:

Тенденцијата за таложење и создавање бигор во зависност од температурата

Номинални вредности за полнење и дополнување на системот за греење вода според VDI 2035:

* За системи со грејачи на рециркулациона вода и електрични грејачи и котли, номиналните вредности за сума од алкални вредности е 3,0 mol/m³ што одговара на 16,8 °d.

Недоволната размена на топлина, оштетувањето на котлите, дефектите на пумпите, бучавата на термостатските вентили се лоши последици. Во котлите, таложењето на бигор на ѕидовите од топлиноизменувачите со дебелина од 1 mm ќе ја зголемат потрошувачката на енергија за загревање на водата за 10%.

Во стандардот VDI 2035, I дел, дадени се препораки за полнење и квалитетот на водата во инсталациите за греење.
VDI 2035, II дел, се фокусира на корозија. Различните материјали во инсталациите за греење и солите во водата доведуваат до корозија и оштетување на топлиноизменувачите и инсталациите за греење.

HERZ Решение:

За оптимално полнење на инсталации со вода според VDI 2035, I Дел, и VDI 2035, II Дел, HERZ нуди:

Фаза I: Патрон за операција за полнење на инсталацијата за греење (HERZ бр. арт. I 0322 10) каде, благодарејќи на погодната мешавина од јоноизменувачка смола и pH стабилизатори, водата во голема мера е деминерализирана и алкализирана до pH вредност меѓу 8.2 и 8.7 и нејзината тврдост е намалена на помалку од 0.5 °d. Бидејќи корозивните јони, како што се хлориди и сулфати, се отстранети, се обезбедува подобра заштита од корозија и без помош на хемиски инхибитори (супстанци кои ја забавуваат хемиската реакција).

Фаза II: Единицата за полнење и дополнување на системот за греење (HERZ бр. арт. I 0321 0x) се состои од уред за заштита од повратно струење, редуктор на притисок и патрон за деминерализација во комплет со водомер. По полнењето со патронот за деминерализација, оваа единица може лесно да се инсталира за да се обезбеди правилно дополнување и заштита на системот.

I 0321 01 DN15

I 0321 02 DN20

Макс. работна температура 60 °C

Макс. работен притисок 6 бари

Структура и функција

Патронот (HERZ бр. арт. I 0322 00) е единица за деминерализација за третман на вода за време на полнење на системот за греење со вода според VDI 2035. Благодарение на мешавината на одбраните јоноизменувачки смоли и pH стабилизаторите, водата претежно се деминерализира и алкализира до pH вредност меѓу 8.2 и 8.7, додека тврдоста се намалува на помалку од 0.5 °d, со спроводливост од помалку од 100 μS/cm.

Капацитетот за третман на првото полнење на патронот е 5000 °d х литри вода. Ова значи дека со делење на 5000 со тврдоста на водата што се користи за полнење на системот за греење се добива максималниот капацитет на вода што може да се третира. На пример, доколку тврдоста на водата што сакате да ја користите во системот за греење е 14 °d, може да добиете 350 литри десалинирана вода (5000/14 = 350 литри).

Единицата за дополнување на системот за греење генерира само деминерализирана вода, без рН стабилизатори.

Полнење вода во согласност со директивата VDI 2035:

Директивата VDI 2035 ги одредува границите за тврдоста на водата и pH вредностите во тек на полнење и дополнување на инсталацијата за греење. Придржувањето кон овие критериуми е од суштинско значење за било какви гаранции. Ако водата која се користи за греење не ги исполнува пропишаните вредности, тогаш не важат ниту гаранциите за работа на системот. Во денешно време, монтерите на системите за греење носат нова одговорност за двете.