Нови производи во 2015 година

HERZ кутија за поврзување и пуштање во погон на термални единици

Kutija za povezivanje - HERZ

HERZ кутијата за поврзување и пуштање во погон на термални единици е дизајнирана да обезбеди централизирано место за пуштање термални единици во погон, како што се фенкојлери и чилери во КГЛ системи.

Сите вентили се вклучени во стандардните HERZ производи, така што е обезбеден угледот на HERZ за квалитет и доверливост.

Кутијата може да биде опремена со рачни баланс вентили или баланс вентили на моторен погон.

Исто така, наместо баланс вентили, можат да се инсталираат вентили независни од притисок. Регулатор на диференцијален притисок е вграден во главниот повратен вод.

HERZ третман на вода за мали домашни инсталации

Tretmani vode - HERZ

HERZ третман на вода за мали домашни инсталации I 3210 XX. Се состои од:

  • Сет за заштита од повратно струење
  • Единица за омекнување на водата
  • Резервен патрон I 0321 10
  • Приклучен навој DN15-DN32
  • Се користи за мали домашни инсталации за греење и ладење. Монтажа во линијата за дополнување на системот
  • Максимална работна температура 65 °C
  • Максимален притисок 6 бари
  • Капацитет: 5000/°dH

HERZ COMPACTFLOOR LIGHT

HERZ compactfloor light за системи за подно греење со вградена пумпа. Можност за поврзување 12 грејни кола.

Compact FLOOR

Compact FLOOR

HERZ compactfloor light FWW за системи за подно греење со топлиноизменувач и експанзионен сад. Се состои од:

  • зонски стоп вентил со термостатска глава за подесување на температурата на водата во системот за подно греење
  • регулационен вентил со моторен погон
  • топлиноизменувач од нерѓосувачки челик
  • циркулациона пумпа
  • сигурносна група со манометар, термометар, сигурносен вентил и отвор за проветрување
  • разделник со мерачи за проток од месинг, собирница со горни делови од термостат, со славина за полнење и празнење, вентили за испуштање воздух, завршни капи и носачи
  • термомотор на собирницата
  • фабрички монтиран во разделната кутија од поцинкуван челичен лим, рамка и врата во бела боја (RAL 9010). Променлива длабочина на вградување (80-110 mm), висина 705-775 mm, носачите на цевката можат да се отстрануваат.
  • можност за поврзување до 12 грејни кола

Систем за полнење и автоматско дополнување на инсталацијата за греење

Compact FLOOR

Систем за полнење и автоматско дополнување на инсталацијата за греење од линијата на инсталацијата за вода за пиење. Има вграден редуцир на притисок и манометар. Покрај нив, има вграден и систем сепаратор од типот BA со мембрани за одделување на системот за греење од инсталацијата за вода за пиење. Тој го спречува навлегувањето на вода од инсталацијата за греење во инсталацијата за вода за пиење и со тоа го спречува загадувањето на водата за пиење.

Воздушни сепаратори

Compact FLOOR

Воздушни сепаратори. Во текот на првото полнење на инсталацијата во погон, водата апсорбира воздух (78% N2, 21% О2, 1% други гасови). Азотот е главната причина за настанување слободни меури и воздушни џебови. Кислородот предизвикува корозија. Оштетувањата кои воздухот ги создава во инсталацијата се зачепување или намален проток на топла вода, корозија, бучава... Воздушните сепаратори HERZ ефикасно ги отстрануваат меурчињата воздух за време на работата на инсталацијата и со тоа ги спречуваат проблемите кои ги предизвикува воздухот.

Пумпни групи

Pumpne grupe

  • PUMPFIX DIRECT - за едно директно грејно коло
  • PUMPFIX MIX- за едно грејно коло со мешање
  • PUMPFIX - со константна температура на мешање
  • PUMPFIX SOLAR - за соларни системи

Достапни се со вградена WILO фреквентно-регулирана пумпа или тристепена пумпа.

Грејни станици

Грејни станици за подготовка на топла санитарна вода и греење. Служат за греење на поединечна станбена единица. Во топлиноизменувачот се врши загревањето на санитарната вода. Карактеристики:

Grejne stanice HERZ

Grejne stanice HERZ

Grejne stanice HERZ

  • Притисок на напојната вода минимум 2.8 бари,
  • Волуменски проток 15 l/min (10/50 °C)
  • Максимален работен притисок 10 бари,
  • Максимална температура на водата 90 °C,
  • Топлиноизменувач, 45 kW,
  • Максимален диференцијален притисок 2 бари.