HERZ FH - Калкулатор за подно греење

Калкулатор за приближна пресметка на системи за подно греење

Димензионирањето на системите за греење се врши во согласност со важечкиот стандард EM1264. Како и за било кој вид греење, оптималното поставување е клучно за совршена работа на подното греење.

Izgled aplikacije  HERZ FH

Тоа мора да се планира и спроведе според вообичаените правила и норми. Како основа за пресметување во апликацијата на HERZ FH се зема вкупната грејна површина на подот, видот на подната облога (плочки, килим, линолеум, паркет или мермер), саканото растојание меѓу цевките и посакуваната амбиентална температура и влезната температура на водата во подното греење.

Димензионирањето на системите за греење се врши во согласност со важечкиот стандард EM1264. Како и за било кој вид греење, оптималното поставување е клучно за совршена работа на подното греење.

Izbor tipa podloge

Врз основа на овие влезни податоци, HERZ FH ја пресметува максималната површина на подот која е можно да се опфати со едно грејно коло (должина на цевки до 100 метри), вкупната потребна должина на цевките за целата грејна површина, вкупниот број на грејни кола поради изборот на разделници и собирници.

Како најважни податоци, ги добиваме топлинскиот капацитет на подното греење, вкупниот проток и падот на притисок поради изборот на пумпата. Сите влезни параметри може да се менуваат со цел да се добијат потребните излезни параметри. Со добиените излезни параметри не се надминуваат физиолошки дозволените температури на подот.

1. Внесување параметри за системот за подно греење

Внесувањето на параметрите за претходно избраниот систем се врши на левото странично мени со полињата за внесување. Од десната страна, може да се изберат еден или повеќе вентили, доколку на корисникот му е познат типот на вентили кои се користат во инсталацијата.

Влезни податоци

  • 1. Грејна површина
  • 2. Вид на подна облога
  • 3. Влезна температура
  • 4. Растојание на цевките
  • 5. Температура на просторијата

Unos podataka

Резултати

  • 1. Максимална површина на подот по грејно коло
  • 2. Вкупна должина на цевки
  • 3. Специфична должина на цевки
  • 4. Специфичен топлински капацитет на подното греење
  • 5. Топлински капацитет на подното греење
  • 6. Вкупен проток
  • 7. Број на грејни кола
  • 8. Вкупен пад на притисокот

cms_upload/pages/files/108_150_herz-fh-aplikacija-b.jpg

Пресметката се прави за температурна разлика од 5K.

Кога се внесуваат параметрите, можно е да се одбере видот на подлогата.

2. Повторно пресметување

Повторното пресметување се врши со повторно внесување на било кој параметар од левата страна.

Како да се инсталира апликацијата

Апликацијата е достапна преку Google Play Store. Апликацијата е достапна во верзии за таблет и паметни телефони со Android оперативен систем. Препорачаната верзија на оперативниот систем е Андроид 4.x.x.

Ако не користите Андроид уред, постои и веб верзија на програмот.

Android aplikacija podno grejanje

Online Aplikacija za podno grejanje