HERZ BV - Калкулатор за HERZ регулациони вентили

Калкулатор за HERZ регулациони вентили

HERZ BV е алатка за брз избор на баланс вентили. Се користат основните податоци, кои се потребни и познати при проектирањето системи, за брз и едноставен избор на најдобриот вентил.

Потребно е да се внесат вредностите за инсталираната моќност на граната каде се наоѓа вентилот, потребниот пад на притисокот, режимот на работа и, доколку има гликол во системот, неговиот процент. Потоа, корисникот има на располагање избор на баланс вентили за кои треба да се направи пресметка. Корисникот може да избере конкретен вид на вентил или повеќе, ако е запознаен со производите, или да побара пресметка за сите видови вентили.

Треба да се истакне дека на проектантот му се дава можност и слобода да го избере најдобриот вентил, бидејќи во некои случаи може да постојат и повеќе препорачани решенија.

Основни поставки на програмата

Опциите за подесување на HERZ BV апликацијата се достапни преку иконата со запчаникот во горниот десен агол на почетниот екран:

  • Избор на јазик
  • Избор на единици за топлотно оптоварување, температура, проток и притисок

1. Вид на инсталација

При стартување на апликацијата, се прикажува воведна страница со опции за системот во кој се користат вентили:

  • Греење
  • Ладење
  • Вода за пиење
  • Соларни системи

Слика 1 - Почетна страна на апликацијата

2. Внесување параметри на КГЛ системот

Внесувањето на параметрите за претходно избраниот систем се врши на левото странично мени со полињата за внесување. Од десната страна може да се изберат еден или повеќе вентили, доколку на корисникот му е познат типот на вентил кој се користи во инсталацијата.

Unos parametara HVAC sistema

3. Пресметка

По внесувањето вредности, со притискање на „Пресметај“ се прикажуваат резултатите на пресметката како список на вентили кои се достапни за внесените параметри. Со зелено е означен препорачаниот вентил според критериумот на економичност

4. Повторно пресметување

Со избирање на вентилот се отвора графички приказ на деталните параметри на работните услови

Можно е да многу едноставно да се менуваат протокот и/или падот на притисок и апликацијата веднаш ќе ги пресмета сите физички величини, како и позицијата на предподесувањето на вентилот.

Како да ја инсталирате апликацијата

Апликацијата е достапна преку Google Play Store. Апликацијата е достапна во верзии за таблет и паметни телефони со Android оперативен систем. Препорачаната верзија на оперативниот систем е Андроид 4.x.x.

Ако не користите Андроид уред, постои и веб верзија на програмот.

Android aplikacija za balansne ventile

Online Aplikacija  za balansne ventile