HERZ ја купи фабриката за производство на котли на биомаса BINDER

Со купувањето на штаерската компанија BINDER GmbH, HERZ групата го шири своето портфолио на системи за согорување биомаса. Брендот BINDER и натаму останува, производството во Штаерска ќе се прошири, продажбата и сервисот ќе добијат глобално зајакнување преку интеграција во групата HERZ.

BINDER LOGO

Семејната компанија BINDER GmbH, која е основана во 1984 година, нуди широк спектар решенија за производство на постројки за согорување биомаса: произведува конвекциски топловодни котли, вреловодни и парни котли, топлиноизменувачи и комори за согорување. Како снабдувач на системи, BINDER GmbH снабдува и инсталира системи за греење со сите потребни компоненти – од садови и складишта на горива до прохромски оџаци, од бафери до целосно опремени, мобилни постројки за согорување биомаса.

BINDER GmbH има годишен обрт од околу десет милиони евра од продажба на постројки за согорување биомаса и вработува 85 лица. Според д-р Gerhard Glincerer, сопственик на HERZ групата: „Binder е компанија со високо обучени, вешти и квалификувани работници и инженери, како и со згради и најнапреден технолошки и машински парк. Тоа создава услови за производство на најсовремени постројки. Брендот има одличен углед во браншата. Затоа производите се уште се продаваат под брендот BINDER, во тесна координација со HERZ ENERGITECHNIK GmbH"

Широк асортиман на производи

Производите на BINDER GmbH претставуваат совршен додаток на постоечкиот асортиман на производи во секторот биомаса, што претставува кратенка за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, а според мислењето на д-р Gerhard Glincerer: „Заедно со BINDER GmbH, сега сме една од ретките компании во позиција да понуди толку широк спектар на постројки за согорување биомаса во светот: од 10 kW до 10 MW. Ова ја прави HERZ групата многу интересен партнер за приватни, комерцијални и индустриски купувачи“

Оптимално користење на резултатите од испитувањата

Штаерската компанија има широко познавање и висока компетентност: како компанија, таа соработува со универзитети ширум светот и управува со иновативни и тест постројки во објекти со различни капацитети. Иновацијата, на пример, е согорување различни биогени горива, како што се земјоделски отпад и дрво со висока концентрација вода, како и горива со висока концентрација јаловина во процесот на согорување.

Факти за HERZ

HERZ групата, со седиште во Виена, вработува повеќе од 1.700 луѓе ширум светот, вклучувајќи 500 лица во Австрија. Австриската компанија со меѓународно значење има обрт од повеќе од 250 милиони евра. Во повеќе од 20 локации во Европа, произведува производи за КГЛ системи, постројки на биомаса и топлински пумпи, изолациски материјал. Со повеќе од 20 претставништва во Европа и Азија и дистрибутери, HERZ групата е активна во повеќе од 80 земји во светот и стана една од најголемите меѓународни компании во индустријата за опрема за греење, ладење и климатизација.

Повеќе информации за производите на www.binder-gmbh.at

Ваш HERZ Armaturen