VDI3805 Селектор

cms_upload/pages/files/91_

HERZ Armaturen, во соработка со компанијата Pit-Cup GmbH Heidelberg од Германија, го разви VDI3805 Селекторот на базата на податоци за HERZ производите со намера максимално да се олесни проектирањето, како и дополнителните измени и дополнувања на проектот.

Задачата на VDI3805 Селекторот е да му се претстават сите технички податоци за HERZ производот на корисникот на едно место и по желба истиот да се префрли на CAD платформа (AutoCAD, AutoCAD LT, BricsCAD, IntelliCAD).

Основни функционалности на апликацијата VDI3805 Селектор

По стартувањето на апликацијата, потребно е да се избере групата на производи. Постои можност да се изберат четири групи производи, и тоа:

  • 1. Регулациони вентили
  • 2. Арматури со фиксен отпор (филтри за нечистотија, стоп вентили)
  • 3. Арматури за двоцевен систем за греење
  • 4. Арматури за едноцевен систем за греење
  • 5. Производи за дистрибуција во системи за греење (комплет разделник и собирник за радијаторско и подно греење).

Во избраната група производи ќе изберете конкретен производ, модел и димензија. Врз основа на тоа се добива приказ на основни податоци: материјал, максимална работна температура и притисок, како и избор на типот на врска со цевководот.


На десната страна од прозорецот е прикажан избраниот производ.

Поставување на околина и приказ

Поставувањето на погледот, зумирањето, прилагодувањето на амбиенталната светлина и бојата на позадината, како и засенчувањето на производите му овозможуваат на крајниот корисник да го избере соодветниот приказ на производот.

Опции за прикажување на производот

Достапни се различни опции на приказ на производот: Description, Indicator и Model:

Description - детален, груб и симболички графички приказ на производот.

Груб 3D приказ на производот

2D симболички приказ на производот

Indicator – приказ на врската на избраниот производ со цевководот и/или просторот кој го зафаќа производот и/или димензиите на производот.


Приказ на врската на одбраниот производ со цевководот

Приказ на просторот кој го зафаќа избраниот производ

Приказ на димензиите на избраниот производ

Model - избраниот производ во 3D Wire Frame приказ или 3D Solid (Shade) приказ кој се префрлува во CAD платформа.

3D Wire Frame приказ

Избор на прибор и додатна опрема

Постои можност за избор на погонот и приборот за избраниот вентил доколку за тој производ постои соодветен прибор:

Изборот на погон на вентилот

Избор на прибор

Технички карактеристики и одржување

Во картичките на индексите Specifications, Commercial data, Maintenance се организирани подетални информации за производот.

Specifications:

Најважните технички карактеристики за избраниот производ:

  • Номинален дијаметар
  • Kvs вредност
  • максимална температура
  • максимален притисок...

Commercial data:

Комерцијални податоци за производот:

  • број на артикал
  • краток опис
  • опис за предмер и предпресметка
  • и други релевантни податоци за избраниот производ.

По завршувањето на поставувањата, може да се почне со импортирање на производот во некоја CAD платформа (AutoCAD, AutoCAD LT, BricsCAD, IntelliCAD) со кликнување на иконата Into Basket.

По избирањето на производот, приказот, единиците на приказот на избраниот производ, размерот и другите параметри, може едноставно да се прави импорт (експорт) на саканиот производ во некој од стандардните формати за CAD системи со кликнување на иконата Export.

VDI3805 Селекторот ќе понуди место за снимање на .dxf датотеката на вашиот компјутер. Вашиот CAD програм сега може да го користи HERZ моделот или блокот во изработката на проектот.

VDI3805 Селекторот е практична помошна алатка за изработка на проекти и придружна документација. Ова е прва верзија, но VDI3805 Селекторот постојано ќе се надградува и ажурира.

Корисниците на програмот ќе бидат редовно информирани за сите новости во врска со оваа база на податоци на HERZ. Верзијата на програмот е моментално достапна на англиски јазик.

Сите описи на производите и техничките листови и придружната атест документација можат да се добијат на српски јазик.

Ве молиме контактирајте ја техничката поддршка на компанија HERZ:

support@herz.rs

Tелефон за контакт: 022/328-898